„Тројка за МЗТ“ – Аеродром ги кани сите заинтересирани на партија баскет во маало

Извор: Општина Аеродром

Скопската општина Аеродром ги повикува сите заинтересирани лица да се пријават за учество на турнир во баскет насловен  „Тројка за МЗТ“ на [email protected]. Првиот маалски натпревар ќе се одигра на 3 јули во Спортскиот центар „Ново Лисиче“.

„Сите турнири ќе се одржуваат според правилата на ФИБА за игра 3 x 3 на реконструираните спортски игралишта на отворено на ниво на целата територија на Општината, каде што се поставени нови современи кошеви и современа ергономска подлога. Победниците покрај парични награди, ќе добијат и шанса да бидат дел од МЗТ (втора екипа)“, информираат од Општина Аеродром.

Проектот е во организација на „3×3 Macedonia“, заедно со Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Општина Аеродром.