Тројца приведени за обид за убиство во Чаир – еден во притвор, двајца во домашен притвор

Имено, на 01.06.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со убодни рани е донесен И.А.(38) од Скопје. Според пријавеното, околу 21.45 часот пред фитнес клуб на подрачјето на Чаир во Скопје, тој и неговиот брат А.А.(32) се обиделе да разделат три лица кои физички се пресметувале, при што биле нападнати со остар предмет. Притоа, и А.А.(32) се здобил со убодни рани и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана помош.

-

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Г.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид и против Б.С.(35) и А.С.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело „убиство“ во обид, соопштија утрово од МВР.

Имено, на 01.06.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со убодни рани е донесен И.А.(38) од Скопје. Според пријавеното, околу 21.45 часот пред фитнес клуб на подрачјето на Чаир во Скопје, тој и неговиот брат А.А.(32) се обиделе да разделат три лица кои физички се пресметувале, при што биле нападнати со остар предмет. Притоа, и А.А.(32) се здобил со убодни рани и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана помош.

Во врска со настанот, подоцна во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје на преглед се јавил и Б.Р.(25) од Скопје.

По преземени мерки и активности и обезбедени докази, утврдено е дека пријавените го сториле делото, по што на 03.06.2025 се лишени од слобода од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. Во координација со јавен обвинител е поднесена пријавата, а од судија на претходна постапка на Г.А. му е одредена мерка притвор од 30 дена, а на Б.С. и А.С. им е определена мерка домашен притвор од 30 дена.

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...