Група од тројца планинари, биле извлечени од планината Бистрица, поради заглавеност на непристапен и тежок терен, додека едно планинар се жалел на здравствени тегоби, болки во градите, отежнато дишење и отежнато движење. Од Центарот за управување со кризи велат дека лицата не биле повредени, но поради здравствената состојба и непристапноста на теренот било потребно итно организирање на спасувачка акција. До нивната локација не постоела можност за пристап со теренско моторно возило, туку било потребно пешачење од најмалку три до четири часа.
„Во акцијата беше вклучен и алпинист-спасител, член на Тимот за брза интервенција и спасување во планина, кој веднаш се упати кон пријавената локација. Откако пристигнал до групата, во консултација со тимот на Итната медицинска помош беше извршена проценка на здравствената состојба на лицето. Констатирано беше дека, со придружба на спасителот, може безбедно да се движи до пристапна локација.
На безбедната точка планинарите беа пречекани од полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, по што беа транспортирани до Клиничката болница во Тетово за понатамошен лекарски преглед“, информираат од ЦУК.
Лицата безбедно пристигнале во селото Лешок, каде што екипа на Итната медицинска помош им укажала прва помош. Било констатирано дека немаат повреди и биле пуштени на домашно лекување.
