Тројца научници ја добија Нобеловата награда за физика

илустрација: Кралска шведска академија на науките

Кралската шведска академија на науките одлучи Нобеловата награда за физика за 2022 година да ја додели на тројца научници – Ален Аспект од Франција, Џон Ф. Клаусер од САД и Антон Зелингер од Австрија за експерименти со испреплетените фотони, утврдување на прекршувањето на Беловите нееднаквости и пионерската квантна информатичка наука. Одлуката ја соопштија од Нобеловиот комитет.

Тројцата научници спровеле револуционерни експерименти користејќи заплеткани квантни состојби, каде што две честитки се однесуваат како една единица дури и кога се разделени. Нивните резултати го отвораат патот за нова технологија заснована на квантни информации.

„Неискажливите ефекти на квантната механика почнуваат да наоѓаат примена. Сега постои големо поле на истражување кое вклучува квантни компјутери, квантни мрежи и безбедна квантна шифрирана комуникација. Еден клучен фактор во овој развој е како квантната механика дозволува две или повеќе честички да постојат во она што се нарекува „заплеткана состојба“. Она што се случува со една од честичките во заплетканиот пар одредува што ќе се случи со другата честичка, дури и ако тие се далеку“, појаснуваат од Нобеловиот комитет.

Долго време се поставуваше прашањето дали корелацијата е поради тоа што честичките во заплетканиот пар содржеле скриени променливи, инструкции кои им кажуваат кој резултат треба да го дадат во експериментот. Во 60-тите години, Џон Стујуарт Бел ја развил математичката нееднаквост што е именувана по него. Ова наведува дека ако има скриени променливи, корелацијата помеѓу резултатите од голем број мерења никогаш нема да надминат одредена вредност. Сепак, квантната механика предвидува дека одреден тип на експеримент ќе ја наруши нееднаквоста не Бел, што ќе резултира со посилна корелација отколку што инаку би била можна.

Тројцата научници, покрај признанијата, ќе добијат и награда од 10 милиони шведски круни, кои ќе бидат подеднакво поделени меѓу лауреатите.