Тројца мигранти од Судан се пронајдени во камион, помеѓу стока која требало да се царини. Како што информираат од Царинската управа, царински службеници од царинарницата во Скопје откриле три лица од Судан кога правеле детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење.

Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба. Трите лица ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите.

„Ова е четврти случај на откриени илегални мигранти во последните три месеци. Тие се предадени на Министерството за внатрешни работи“, велат од Царинската управа.