По три години казна затвор добија тројцата обвинети во случајот „Тарифа“, на Специјалното јавно обвинителство, кој беше за незаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Според судот поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ Дејан Бошкоски и раководителите Методиј Стоименовски и Ненад Ѓорговски ја злоупотребиле службена положба и ѝ нанеле штета на компанијата во износ од 450.000 евра.

Исто така, Ѓорговски треба да плати 20.000 евра, а Стоименовски 30.000 евра отштета, во рок од три месеци.