Трилогија Shadowrun бесплатна на GOG

Фото: Принтскрин, GOG

Shadowrun постои како игра уште од 1989 година и се игра исто како што се игра и Dungeons & Dragons со коцки, со карактери на хартија со посебни способности и класи, со човечиња и книги од каде тој што ја води играта – Game Master создава ситуации за тоа како ќе се одвива играта. Трилогијата Shadowrun ја даваат бесплатно на GOG(уште денес) да го обележат крајот на нивната летна распродажба на игри – ова се компјутерски игри имено изометриски RPG игри. Потсетуваат на игрите Commandos, Baldur’s Gate и Divinity Original Sin. Но, со три клучни дистинкции во приказната, содржините за читање и тоа што се ремастерирани и подобрени да изгледаат квалитетно и денес. Имено приказната во Shadowrun е инспирирана и од книгата „Неуромансер” на Вилијам Гибсон и од Толкин.

Главната премиса е дека во 2054 година завршува некаков циклус од 5000 години и се појавува магија во светот кој е презаситен од нови технологии и покрај луѓето се појавуваат мутации кои резултираат со Орки, Елфови, Џуџиња и Тролови. Сајберпанк помешан со епска фантастика и уникатниот резултат е Shadowrun.

Системот за правење лик е доста добар можете да бирате помеѓу Street Samurai (Како што е ликот на Моли во Џони Мнемоник (Johnny Mnemonic) – и во расказот и во филмот со Кијану Ривс) и да играте со сечива како мачети, катани и „вулверински канџи” додека сите класи можат да користат и огнено оружје пиштоли, машинки, сачмарки итн.

Корисниците на магии се Маговите(Mage) на кои главен атрибут им е интелегенцијата, Шаманите кои прават ритуали на кои главен атрибут им е Волјата (Willpower) и третиот корисник на магија е Adept-от (Вештер) што си ги појачува физичките и менталните атрибути во борба и се бори од блиску. Не се креваат левели туку се добиваат поени од Карма со кои ги надградувате способностите на ликот и во зависност од што му надградувате на вашиот лик може и да ја смени класата. Дури и атрибутите даваат различни работи од повеќето игри во овој жанр, пример атрибутот за Сила (Strength) во повеќето игри додава на демиџ(damage/нанесување штета во поени на противник)  од блиску и одредува колку тежина во предмети може да носи ликот -додека во Шадоуран Strength-от одредува шанса да се удри и шанса да се погоди со фрлачки оружја како ножеви за фрлање или шурикени.

Една од поинтересните класи е Декер (Decker). Декерот со себе носи дек за хакирање сефови и врати преку виртуелна стварност и буквално има посебен гејмплеј во “матриксот”. “Пробивањето на Mразови”(како кај Гибсон) кои штитат тајни датабази на големи корпорации е дел од хакирањето и во играта. Но во гејмплејот сепак се базира и на победување непријатели во матриксот. Друга технолошка класа е Ригерот (Rigger) што преку импланти контролира дронови и роботи што се борат за него. Битките се одвиваат така што ја распледелувате вашата дружина во простории или на терен да се бори против непријатели и combat-от e turn based прво мрдате со целиот тим како на шаховска табла и пукате и се борите па потоа непријателите го прават истото против вашиот тим и ако ви загине вашиот главен лик играта завршува.Битките траат споро и можете да користите лечења за своите сојузници како завои или магии за лечење ако се блиску до смртта или повредени.

Еден од новитетите е опцијата за снимање на играта(колку и парадоксално да звучи тоа како новитет) која е додадена подоцна и ако не ја користите и ви загине главниот лик мисијата почнува од самиот почеток. Сите три Игри во Shadowrun Трилогијата се со подобрена графика и изгледаат модерно. Иако има долги дијалози низ кои треба да поминувате, тоа само ја збогатува играта со содржина, но внимавајте ако играте Орк карактер и не му ја зголемите интелегенцијата може нема да може да зборува како што треба. Истото важи и за троловите. Покрај се’ овие игри се пародија и наменети се да ве насмеат додека играте.