„Триаголник на тагата“ утре во Кинотека во рамките на Скопје филм фестивал

По прикажувањето на трите филма од сагата „Кум“, програмата на 25. издание на Скопје филм фестивал продолжува со најновите европски и светски остварувања, информираат од организацијата.

Утре (15 септември) со почеток во 19 часот во Кинотека на С. Македонија ќе биде промовирана најновата книга на филмската критичарка Сунчица Уневска „Дух во школка“.

Веднаш потоа, во 20 часот ќе биде прикажана норвешко – шведската продукција „Смачено ми е од себе“ (2022), по сценарио и режија на Крисофер Боргли, дел од програмата Фокус на европски филм.

Подоцна, во 22 часот публиката на Скопје филм фестивал ќе има можност да го погледне уште една проекција на овогодинешниот кански победник „Триаголник на тагата“ на режисерот Рубен Остлунд.