Во авионска несреќа што се случи на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул вчеравечер, три лица ги загубија животите од повредите, а 179 се повредени.

Авионот на „Пегасус ерлајнс“ полетал од Измир, а несреќата се случила при слетување на аеродромот во Истанбул, кога авионот се излизгал од пистата и се преполовил. Во миговите на несреќата имало силен дожд и спротивен ветер.

Во авионот имало 177 патници и шест членови на екипажот. Најголемиот дел од патниците биле турски државјани, но имало и 22 странци од 12 земји.

„Пегасус ерлајнс“ е нискобуџетен авиопревозник што функционира 20 години. Има 47 авиони „Боинг“ и 36 авиони „Ербас“.