Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека, според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.342 тестирања, а се регистрирани 3 нови случаи на ковид-19. Сите од Скопје.

Евидентирани се 6 оздравени пациенти, од Скопје и Тетово по двајца, а од Кочани и од Кичево по еден.

Нема починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 874.236 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.676, бројката на оздравени пациенти е 149.967, на починати е 5.484, а активни случаи изнесува 225.