Од денеска (21.09) до 25 септември ќе можете да ги испробате трите нови најавени елитни специјализации за Ревенант, Воин и Елементалист односно Виндикатор, Блејдсворн и Каталист. Сè што ви треба е Guild Wars 2 „акаунт“. Ако немате можете да направите бесплатен акаунт и веднаш да почнете со играта. Ќе ви се појават три нови бета слотови каде ќе можете да ги креирате и испробате новите елитни специјализации со полна опрема. Напредокот за време на играњето на бетата нема да се сними и сè од бетата ќе биде избришано на 25 септември. Но, бар ќе имате шанса да ги искусите овие три елитни специјализации:
Виндикатор
Конечно Ревенант добивa дворак меч. Досега беше единствена војничка професија во играта што не можеше да го користи тоа оружје додека Гардијанот и Воинот го имаа од старт. Дворакиот меч стана едно од најомилените оружја уште кога излезе Guild Wars 2 бидејќи во Guild Wars 1 воопшто и немаше такво оружје.
Виндикаторот ги канализира легендите од историјата на Тирија, овој пат две легенди оденаш а тоа се хероите Свети Виктор од Курзик фракцијата и Аркиморес водачот на Луксон фракцијата. Во првиот дел од Guild Wars, Курзик личеа како готик металци, додека Луксон фракцијата беа варвари што обожаваат желки.
Кај Виндикаторот Курзик скиловите се претежно за лечење и тактика и не прават толку „демиџ“ како што прават Луксон скиловите кои се повеќе директни напади. Додека елитниот скил на Луксоните е духот на Аркиморес како фрла копје кон целта што ќе ја одберете и прави многу „демиџ“, Курзик скилот е Урната на Свети Виктор која има интересни механики од кои една е вас да ви се одзема “Health”, а да ги лечите сојузниците во близина додека канализирате. Сите скилови на Виндикаторот изгледаат естетски впечатливо но и се ефикасни. Самиот факт што има повеќе “gap closer” скилови значат поефикасно играње во “World PvP”.
Блејдсворн
Блејдсврон воинот практично добива две нови оружја, пиштол во левата рака и “Gunsaber” што е комбинација од долг меч и пиштол што во исто време пука со куршуми од амбер (специјален материјал што го користи Курзик фракцијата во Guild Wars 1) додека изведува удари. Оваа класа се базира на статот “Power” што ја прави подиректен нанесувач на „демиџ“. Наместо адреналин како што беше досега Блејдсворн акумулира flow и полни муниција, ударите се повеќе на полнење на удар и буквално испукување проследени со различен вид на “Dragon Slash” напади. “Gunsaber”-от фукнционира како „кит” на инженерот, и „weapon swap” опцијата се заклучува при употреба, така што ќе треба да се одлучите за алтернативно оружје пред да влезете во „комбат”.
Елитниот скил служи да се наполни повторно муницијата, но повеќето скилови за напад имаат долг “cooldown” пред да можете повторно да ги користите. Сите мерки да се спречи злоупотреба на ваков скил се превземени и не можете нон-стоп да спамате ротации но можете да имате значајни “burst”-ови што нанесуваат огромен „демиџ“ одеднаш. Блејдсворнот е како надграба на веќе постоечката агресивна елитна специјализација берсеркер која е исто така базирана на нанесување огромен демиџ од време на време. Но, сепак, најновата специјализација изгледа интересно особено поради “gunsaber”-от што во повеќето слични игри е познато како Gunblade. Особено е реткост во ММО да се има класа што може “сè да потепа со еден удар”. Но, мерки се превземени да не биде премногу моќна специјализација особено против други играчи каде вредностите на бројките се намалени за PvP.
Каталист
Главната шега за елементалистот е дека е „пијано“. Има толку многу комбинирање на магии што се стискаат повеќе копчиња цело време. Со Каталистот, новата елитна специјализација, тоа само се продлабочува но секако изгледа дека ќе биде една од поинтересните за играње затоа што нуди повеќе надополнувачки комбинации. Оружјето што го користи Каталист е дворак чекан и не само што се користи од блиску туку функционира и од далеку. Каталистот преку моќта на „сферите од жад“ ги канализира елементите во „бунари“ кои ги отвора како кружни зони во кои додека стои не само што добива „бафови“ од елементот што им е уклучен, туку и прави нови комбинирани напади со способностите.
Исто така, може да направи енергетски топки да ротираат околу него (во сите елементи) и така да ги удира противниците или сите енергетски топки да ги насочи директно да удрат една цел, најчесто кон главен во PvE или кон друг играч во PvP. Со секој елемент помеѓу оган, вода, воздух и земја има различни напади со чеканот.
Главниот елитен скил е сличен како кај Блејдсворн само што кај Каталистот го ресетира cooldown-от на скиловите, да можете повторно да свртите неколку корисни ротации на скилови. Постои и скил за блок, на кој ако го удрат Каталистот со скил ударот се блокира и се добива аура според моменталниот “атуниран” елемент. Има толку многу комбинации што вреди да се испробаат.
За повеќе информации за сите три нови елитни специјализации и како тие изгледаат кога се играат и кога се комбинираат нивните скилови можете да го изгледате следното малку подолго видео кое информира за сите новитети: