Фото: Арбнора Мемети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната редовна средба со новинарите истакна дека локалните избори во државата треба да се одржат на 3, 10 или 17 октомври.

Тој треба да ги распише изборите во јули, а најдоцна на 1 август во зависност од датумот што ќе го договорат политичките партии.

За барањето на опозицијата, за предвремени парламентaрни избори да се одржат заедно со локалните, вели дека еден пратеник може да го поднесе предлогот и ако има соодветно мнозинство нека го изгласа.

Во однос на предвремените парламентарни избори, тој предупреди дека треба да се има предвид како тоа ќе се одрази на роковите за техничката влада, за кампањата и за увидот во избирачкиот список и како ќе се одрази врз работата на ДИК и соодветните институции.