„Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“ е прогласен за „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Свеченото доделување на наградата ќе се одржи на 20 мај, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, со почеток во 19 часот.
Одлуката престижното признание да му се додели на романот „Три Марии“ ја донесе петчленото жири Калина Малеска, Ивана Трајаноска, Иван Антоновски, Иван Шопов и Катерина Богоева.

На конкурсот што годинава се одржува по 27-пат пристигнаа 46 романи, а жирито ја донесе
одлуката со мнозинство гласови, по претходно неколкукратно селектирање на пристигнатите
романи.
Наградата се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари и е
поддржана од Министерството за култура и туризам, а генерален покровител е „Комерцијална банка“.