Три конфекции од Прилеп шијат преку 100.000 заштитни маски бесплатни за прилепчани

-

Прилепските конфекции „Гифти текс“, „Кули“ и „Фешн линк“, демонстрирајќи целосна општествена одговорност во овој период на пандемија со корона вирус, почнаа со шиење на заштитни маски, што бесплатно ќе се дистрибуираат до граѓаните, со цел заштита од корона вирусот. Маските ќе се шијат во конфекциите, ќе се стерилизираат во болницата, а потоа ќе се дистрибуираат до граѓаните според оценките на локалниот Кризен штаб.

„Мојата иницијатива ја објавив на социјалните мрежи. Прв се јави градоначалникот Илија Јованоски. Со негова помош, заедно ги завршивме сите проверки на материјалите. Овие материјали се веќе испитани од производителот, тие се антибактериски, не се токсични, го имаат потребниот сертификат. Беше побарано мислење од сите надлежни институции во државата, јас ги дадов сите потребни податоци за материјалите. Маските се стерилизираат во болницата во Прилеп. Благодарам на сите медицински лица во државата, и сметам дека треба да прекинат сите лоши коментари за македонското здравство и персонал,“ рече Гора Илиески, од фирмата „Гифти текс“ од Прилеп.

Денеска се предадени првите 1.000 стерилизирани маски на Кризниот штаб.

„Иако велиме дека маските се за една употреба, тие слободно може да се перат, тоа може да го издржат, значи може слободно да ги ставите во средство за дезинфекција и повторно може да ги користите доколку ги сушите. Ние од утре, заедно со „Кули“ и „Фешн линк“ ќе работиме и подготвени сме за шиење на 2.000-3.000 маски дневно,“ изјави Илиески.

Во моментов според Илиески, има обезбеден материјал за 100.000 заштитни маски. Фирмата „Гифт текс“ работи со околу 25 работиници, кои според Илиески, се свесни за состојбите во кои се наоѓа целата држава и многу посветено ја работат целата работа.

Притвор за тетовецот кој уценувал малолетничка и објавувал нејзини фотографии со вулгарна содржина

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 29-годишник од селото Церово кој е осомничен дека спрема малолетничка родена 2007 година сторил кривично дело – злоупотреба на лични податоци и...