fbpx

Три компании од преработувачката индустрија ќе добијат 315.000 евра од ИПАРД-2 програмата

-

Од денеска започна склучувањето на договорите за мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“ од последниот повик за ИПАРД 2 програмата, кој заврши на крајот на јануари годинава.

Проектите на трите компании кои денеска ги потпишаа договорите со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се однесуваат на инвестиции во преработка на овошје и зеленчук, млеко и млечни производи  и производство на свежо цедени сокови.

„Ако во претходните години постапките беа долги и апликантите чекаа повеќе од една  година за склучување на договорите, на овој повик кој заврши на крај на јануари денеска после два месеци ги склучуваме договорите. Би сакал да потенцирам дека инвестициите што ќе се реализираат преку оваа мерка во голема мера ќе ја развијат преработувачката индустрија, ќе го раздвижат пазарот и ќе имаат голем удел во севкупното земјоделско производство. Сите овие инвестиции преку ИПАРД 2 програмата, но и оние што ќе се реализираат преку Програмата за рурален развој ќе придонесат за модернизација на капацитетите и за изградба на нови преработувачки капацитети, што крајно ќе влијае и врз развојот на вкупната економија, и ќе го зголемат уделот на земјоделството во вкупниот  економски раст“, изјави министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Директорот на Платежната агенција Николче Бабовски потенцираше дека вкупната вредност на финансиската поддршка што овие три компании ќе ја добијат преку ИПАРД 2 програмата изнесува 315 илјади евра.

За мерката  3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“ до Платежната Агенција пристигнаа 65 апликации со кои се побаруваат околу  15,4 милиони евра.

Инаку од првиот повик за ИПАРД 2 програмата од склучени 950 договори, досега 794 ги завршиле инвестициите и доставиле барања за поврат на средства. 180 компании веќе целосно ја имаат добиено финансиска поддршка во вкупен износ од близу 2 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...