fbpx

Три италијански фирми сакаат да вложат во Македонија

-

Три италијански компании се заинтересирани да инвестираат во Македонија во три различни сектори, информираше италијанскиот амбасадор Ернесто Масимимо Балели.
– Што се однесува до трите фирми, не можам поради доверливост на податоците да ги кажам нивните имиња. Но, ќе кажам дека една од нив е од земјоделскиот сектор, втората е од секторот индустрија, а третата е од информатичката технологија – изјави италијанскиот амбасадор Балели.
Италија е петти надворешно трговски партнер на Македонија. Трговската размена која во првите девет месеци од годинава изнесува 574 милиони долари има можност да достигне 1,5 милиони долари. Најмногу инвестиции од Италија во Македонија се евидентирани лани – 67,20 милиони евра.
Амбасадорот додаде дека обемот на инвестиции е многу поглем од статистички прикажаниот и дека сè поголем број италијански фирми отвораат канцеларии во Македонија.
Утре во Македонија ќе пристигнат претставници на 15 италијански компании, кои ќе учествуваат на бизнис-форум посветен на соработката во прехранбената индустрија и во туризмот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...