fbpx

Трговците навалија на преспанското „муцо“ уште не созреано

-

На еден месец пред преспанската берба на јаболка откупувачите навалија на преспанското јаболко од сортата „муцо“ уште не созреано.

Како ретко кога досега во август се продадени близу 100 тони јаболко и тоа за откупна цена од 18 до 20 денари за килограм. Преспанските овоштари велат дека после седум до осум години проблеми со откупот на јаболката, им се враќа оптимизмот дека годинешниот род ќе биде продаден и тоа за повисоки и пореални откупни цени.

– Преспанските овоштари тријат раце задоволни од годинешниот род и од квалитетот на овошјето. Во лето кога пазарот е полн со сезонско овошје од грозје, лубеници, дињи и сливи, преспанското „муцо“ како ретко кога досега се продава со тони и тоа се уште не созреано. Позитивна работа за нас како овоштари е што имаме и повисока откупна цена и што сме во можност ние да ја диктираме цената. Првите количини се испорачуваат на домашниот пазар по големите маркети и на зелените пазари – вели за „Мета“ Љубе Пампулески, првиот човек на Здружението за овоштари од Преспа „Благој Котларовски“.

Според Пампулески годинава се очекува во Преспа да бидат произведени околу 90 илјади тони трпезно јаболко или вкупно со индустриското јаболко преку 110 илјади тони од ова овошје.

За сега овоштарите велат дека за преспанското јаболко се отвораат пазарите во Русија, а голем интерес за пласман има и во Саудиска Арабија и Катар.

Сепак овоштарите со нетрпение го очекуваат отворањето на откупниот центар за јаболка за кој има најави дека ќе стартува со работа кон крајот на септември. Се надеваат дека со него ќе им се олесни пласманот на јаболката, а ќе ќе се надминат проблемите и со чувањето и складирањето на родот, што за овоштарите се уште е најголемата мака.

А.Б

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...