Трговска војна се заострува – царините за метали на Трамп стапија на сила

Мерката воведува униформна такса од 25 отсто за увезениот челик и алуминиум во САД и ги укинува сите претходни изземања на земјите од овие царини

-

Царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на челик и алуминиум стапија на сила, што веројатно ќе ги заостри тензиите со некои од најголемите трговски партнери на САД, објави Би-Би-Си.

Мерката воведува униформна такса од 25 отсто за увезениот челик и алуминиум во САД и ги укинува сите претходни изземања на земјите од овие царини.

Европската унија веднаш реагираше, најавувајќи контрацарини за американски производи во вредност од милијарди евра.

Трамп се надева дека оваа одлука ќе го зајакне домашното производство на челик и алуминиум, но критичарите предупредуваат дека ќе доведе до повисоки цени за американските потрошувачи и ќе ја забави економијата.

Реакции и контрамерки

Американскиот институт за железо и челик (AISI) ја поздрави мерката, наведувајќи дека ќе создаде работни места и ќе го зголеми американското производство. Претседателот на AISI, Кевин Демпси, изјави дека со ова се затвораат системите на исклучоци и квоти што дозволуваа странските производители да ги избегнуваат царините.

Од друга страна, британскиот министер за трговија Џонатан Рејнолдс изрази разочарување и изјави дека „сите опции се на маса“ како одговор. Европската комисија, пак, објави дека ќе воведе контрацарини во вредност од 26 милијарди евра за американски производи.

Австралискиот премиер, Ентони Албанизе, ја нарече одлуката „целосно неоправдана“ и спротивна на духот на партнерството меѓу двете земји.

Канада, како еден од најголемите снабдувачи на САД со челик и алуминиум, најави контрамерки, но со обид да избегне понатамошна ескалација на тензиите.

Страв од рецесија

Новите царини ќе значат повисоки трошоци за бројни американски индустрии, како што се аеронаутиката, автомобилската индустрија и градежништвото.

Некои економисти предупредуваат дека мерките ќе ја заштитат домашната челична индустрија, но ќе им наштетат на секторите што зависат од овие материјали, бидејќи ќе ја зголемат цената на нивните производи.

Загриженоста за економските последици од царините предизвика пад на американските и глобалните берзи. Индексот S&P 500 падна за дополнителни 0,7 отсто по големиот пад од 2,7 проценти претходниот ден. Сличен тренд следеа и европските берзи, вклучувајќи ги FTSE 100, Cac 40 и Dax.

Истражувачката компанија Oxford Economics го намали прогнозираниот раст на американската економија од 2,4 отстто на 2 отсто, а уште поголеми ревизии направи за Канада и Мексико.

И покрај економските предупредувања, администрацијата на Трамп сигнализираше дека нема да има исклучоци од овие мерки.

ИзворБи-Би-Си

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...