Третина од фирмите чии лиценци ќе се одземаат имаат блокирана сметка или се неактивни

Само 23 фирми кои имаат важечки договор за јавна набавка всушност ќе ја загубат лиценцата која била услов за добивање на тендерот

-

Од 426 фирми за одземање лиценци, само 49 имаат актуелен договор за јавна набавка, но само за 5 проценти од фирмите – лиценцата што ќе им се одземе е релевантна за договорот за јавна набавка. Секоја трета (31 отсто) од фирмите, има годишен приход помал од 15.000 евра.

Ова го покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, кој ги анализира фирмите кои се најдоа на списокот што го објави Министерството за транспорт за одземање лиценци за градежно работење и урбанистичко планирање, по спроведените контроли по трагичниот настан во Кочани.

За најголем дел од тие 426 фирми, лиценците што ќе им се одземат не се услов за фирмите да работат и да добиваат државни тендери. Во моментов, само 11 проценти од фирмите што се на листата за одземање лиценци имаат актуелни договори за јавни набавки, a само за 5 проценти од фирмите – лиценцата што треба да им се одземе е релевантна за договорот.

Инаку, од 426-те фирми, само 101 имале добиено тендер во последните три години, во вкупна вредност од 77 милиони евра. Во моментов, актуелни тендери имаат 49 фирми, во вкупна вредност од 26 милиони евра.

„Само 23 фирми кои имаат важечки договор за јавна набавка всушност ќе ја загубат лиценцата којашто била услов за добивање на тендерот. Овие фирми имаат вкупно 58 договори за јавна набавка, чија вкупна вредност изнесува 14 милиони евра“, наведено е во соопштението.

Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, најголем дел од фирмите остваруваат ниски годишни приходи. Секоја трета (31 отсто) од фирмите има годишен приход помал од 15 илјади евра, додека приходи поголеми од 1 милион евра имаат само 33 фирми, односно 8 отсто.

Истражувањето е спроведено врз основа на податоците за имињата на фирмите објавени на списокот на Министерството за транспорт, податоците од Електронскиот систем за јавни набавки, како и податоците за статусот и финансиските резултати од Бизнис мрежа.

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион над Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои...

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Шест бугарски државјани беа осудени на затвор од страна на Кралскиот кривичен суд во Лондон (Old Bailey) поради шпионажа во корист на Русија, со што, според британските власти, сериозно ја загрозиле...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската...