fbpx

Четири неуспешни обиди да се избере претседателка на Уставен суд

На Добрила Кацарска, актуелната претстедателка на Уставен суд, мандатот ѝ истекува на 2 јуни

-

Ниту една од двете кандидатки за претседателка на Уставен суд, Татјана Бозаџиева Васиќ и Ана Павловска Данева, не успеаа да добијат мнозинство од шест гласови потребни за избор на оваа позиција. Неуспешни биле сите четири обиди за избор на претседателка.

„Во Уставниот суд денеска се одржаа четири круга на гласање за претседател при ниту еден од предложените кандидати не го доби потребното мнозинство. Согласно Деловникот, постапката за избор се повторува се додека не се избере претседател на Уставниот суд. Седницата за избор продолжува утре во 10 часот“, информираа денеска во судот.

На Добрила Кацарска, актуелната претстедателка на Уставен суд, мандатот ѝ истекува на 2 јуни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Просечната нето-плата во април изнесувала 41.085 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април во земјава изнесувала 41.085 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Индексот на просечната исплатена нето-плата во споредба со истиот...