Тренинг-програма за родова еднаквост: Од учење до акција преку критичко размислување за родовите прашања

Знаејќи дека има млади луѓе во регионот кои бараат сеопфатни и систематизирани информации, ја препознавме потребата за програма која ги комбинира двата сегменти - теоретски основи и практичните согледувања, вели д-р Дијана Стојановиќ Ѓоргевиќ, Националната директорка на Фондацијата Kvinna till Kvinna

-

„Живееме во време во кое женските права секојдневно се загрозени”, заклучија група учеснички од Северна Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и Албанија кои минатиот месец беа дел од тренинг-програмата во организација на канцеларијата на Фондацијата Kvinna till Kvinna во Скопје и Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје.

Оваа програма насловена „Едукација за родова еднаквост за практичарки – од теорија до спроведување политики“, во која учествуваат креаторки на политики, претставнички на граѓанскиот сектор, како и јавни службенички од земјите на Западен Балкан, има за цел да обезбеди знаења и вештини за критичка дискусија по прашањата за родовата еднаквост, со што ефективно ќе се спротивстави на зголемената мизогинија и загрижувачките антидемократски трендови.

„Преку вакви обуки стануваме посвесни, а таа свест ни помага да преземеме акција. Исто така, го зголемува нашето ниво на емпатија, посебно во регионот на Западен Балкан. Често велиме дека сме многу различни, но во реалноста, толку сме слични, се соочуваме со истите прашања“, рече Тереза ​​Вујошевиќ од Црна Гора.

Дел од учесничките изјавија дека знаењето што го стекнале на оваа обука во Скопје, ќе го применат во секојдневната пракса во рамките на организациите за кои работат. „Некои од работите што ги открив преку оваа програма, ќе се стремам да ги вградам во мојата секојдневна пракса и тоа во конкретни културни активности кои мојата организација ќе ги реализира во иднина“, истакна Гордана Вуков Циганиќ.

Говорејќи за програмата, Националната директорка на Фондацијата Kvinna till Kvinna во Скопје, д-р Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ, вели дека недостатокот од формални програми за родови студии ги оставаат младите феминистки без пристап до структурирани ресурси и теоретски знаење за феминизмот, правата на жените и родовата еднаквост.

„Знаејќи дека има млади луѓе во регионот кои бараат сеопфатни и систематизирани информации, ја препознавме потребата за програма која ги комбинира двата сегменти – теоретски основи и практичните согледувања“, вели Стојановиќ Ѓоргевиќ.

Проф. д-р. Катерина Колозова, директорката на Институтот за општествени и хуманистички науки, објасни дека Институтот нуди наставна програма, чија содржина е служи како мост помеѓу длабинското академско знаење и практичната примена на истото во креирањето политики.

„Една од клучните цели на програмата е да се осигура дека родовата еднаквост не се третира како апстрактен концепт, туку како конкретна рамка која може да обликува ефективно креирање политики. Едукацијата на креаторите на политики и практичарите за родови прашања е од суштинско значење за креирање информирани, инклузивни и влијателни политики од кои ќе имаат корист сите – жените, мажите и општеството како целина“, вели Колозова.

На почетокот на јуни, учесничките ќе учествуваат во студиска посета во Стокхолм, Шведска. Целта на посетата е да ги подготви за успешно застапување за воспоставување родова еднаквост во средините во кои работат и делуваат.

Пропалестинскиот активист Махмуд Калил ослободен од американскиот имиграциски притвор по повеќе од три месеци

Дипломираниот студент на Универзитетот Колумбија, Махмуд Калил, беше ослободен од американскиот имиграциски притвор, каде што беше држен повеќе од три месеци поради неговиот активизам против израелската војна во Газа, пренесува Гардијан. Калил,...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Лишен од слобода возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 км/час, дупло од дозволеното

На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар - Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок,...

Путин ги предупреди своите функционери да не дозволат рецесија

Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди своите функционери да се осигурат дека нивните напори за средување на економијата доведена до прегревање поради воените трошоци нема да претерат и да ја доведат...

Пропалестинскиот активист Махмуд Калил ослободен од американскиот имиграциски притвор по повеќе од три месеци

Дипломираниот студент на Универзитетот Колумбија, Махмуд Калил, беше ослободен од американскиот имиграциски притвор, каде што беше држен повеќе од три месеци поради неговиот активизам против израелската војна во Газа,...