Тренчевска: Три девојчиња годинава биле жртви на сексуална експлоатација

Министерката рече дека во минатата година идентификувани биле 9 жртви на трговија со луѓе, од кои осум женски и едно машко лице. Најголем број од лицата се на возраст од 14 до 17 години

-

Пет мобилни тимови во Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија и Тетово се ангажирани за идентификација на ранливи категории граѓани, вклучително и жртви на трговија со луѓе, соопшти министерката за труд и социјална политика Јована Трленчевска, на регионалната конференција „Успешни заедно! Регионални увиди и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“, организирана во рамките на проектот на Германско друштво за интернационална соработка „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Западен Балкан“.

Во составот на мобилните тимови има претставници на центрите за социјална работа,  претставници на Министерството за внатрешни работи, Националната единица за борба против трговија со луѓе и здруженија на граѓани.

Тренчевска рече дека во минатата година идентификувани биле 9 жртви на трговија со луѓе, од кои осум женски и едно машко лице. Најголем број од лицата се на возраст од 14 до 17 години.

Министерката информираше дека во 2023 година, три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација.

Фото: Министерство за труд и социјална политика

„Трговијата со луѓе претставува сериозна повреда на човековите права и претставува закана за слободата и безбедноста на секое општество. Нашата држава како и земјите во регионот често играат улога во секоја од фазите на трговија со луѓе – како земја на потекло, транзит или дестинација. Би сакала да ги изразам искрените поздрави до земјите од регионот – да ја истакнам потребата од заедничка, обединета акција против трговијата со луѓе, која е транснационален организиран криминал“, рече Тренчевска.

На настанот присуствуваше и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменикот амбасадор на Сојузна Република Германија, Ото Граф, директорот на ГИЗ во Република Северна Македонија Давид Оберхубер и директорот на MARRI, Сашко Коцев.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...