fbpx

Треба многу работа за да се среди сообраќајниот хаос во Тетово 

-

Во текот на 2018 година во Тетово се регистрирани вкупно 39.026 возила со тетовски регистарски таблички. Со население од околу 200.000 жители, сегашната патна мрежа е несоодветна за овие бројки, што може да се забележи од преоптоварениот сообраќај, пренесува „Порталб.мк“.

Сообраќајниот хаос во Тетово е проблем со кој граѓаните се соочуваат секојдневно, долги колони, голем број несреќи, оштетување на патот, недостаток на паркинзи, недостаток на бели линии и вертикална сигнализација. Во текот на летните месеци, бројот на возила се зголемува значително, сообраќајот е уште погуст од вообичаено и движењето со моторно возило низ градот е речиси невозможно.

Од Секторот за внатрешни работи – Тетово известуваат дека во Тетово вкупно се регистрирани 39.026 возила.

„Од податоците што ги имаме, во текот на 2018 година во Тетово има вкупно 39.026 возила регистрирани со тетовските таблички. Овој број се зголемува значително во текот на летните месеци, поради доаѓањето на иселениците од странство”, изјави Фатмир Реџепи, од СВР Тетово.

Инаку, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи на неколку наврати ветуваше дека ќе се прошири зонското паркирање во градот, иако паркинзите се уште не се изградени. Таа истото го изјави и во интервју за „Порталб.мк“ во мај минатата година. Изградбата на четирите главни булевари во градот исто така се сметаше за одржливо решение за олеснување на сообраќајот, меѓутоа ниту еден од нив не е целосно изграден.

Во Општина Тетово се уште нема јавен превоз, и затоа граѓаните се приморани да се движат со своите возила. Движењето на возилата низ градот го отежнуваат и велосипедистите, за кои нема посебни велосипедски патеки.

Неодговорните возачи кои паркираат автомобили на патот и честите не функционирања на сигнализацијата на патиштата, дополнително придонесуваат за сообраќајниот хаос.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...