fbpx

Транспаренси: Владата да се воздржи од одлуки што не се совпаѓаат со Уставот и законите

-

Во услови на светска пандемија предизвикана од новиот корона вирус, Владата во треба да се воздржи од носење на одлуки надвор од она што е утврдено со Уставот и со Закон, а посебно од одлуките чие донесување не е суштинско, а може да предизвика сомнежи од аспект на нивната оправданост во овие услови, порача Транспаренси Интернешнел Македонија (ТИ-М).

„Владата усвојува уредби со законска сила за да одговори на пандемијата на коронавирус или КОВИД-19 и да обезбеди непречено функционирање на здравствениот систем и набавка на медицинска опрема потребна за да се спасат животи. Искуствата во светот покажаа дека од суштинско значење е транспарентноста, отвореноста и интегритетот да се одржуваат и прошират во здравствениот сектор. Идентификувани се неколку критични мерки против корупцијата, вклучително и отворено објавување на истражувања за вакцини и третмани, заштита на свиркачи во здравствените системи и обезбедување на еднаков пристап до третман за заштеда на живот“ се вели во соопштението.

Сепак, предупредва ТИ-М, потребата за транспарентност и отчетност ги надминува самите здравствени системи, а концентрацијата на моќта не треба, под никакви околности, да доведе до нејзина злоупотреба.

„Од витално значење е овластувањата за итни случаи да се остваруваат само за целите за коишто биле доделени. Владата во овие услови треба да се воздржи од носење на одлуки надвор од она што е утврдено со Уставот и со Закон, а посебно од одлуките чие донесување не е суштинско, а може да предизвика сомнежи од аспект на нивната оправданост во овие услови. Основните заштитни мерки против корупцијата никогаш не смеат да бидат ослабени или непочитувани, во спротивно ризикуваме да ги поткопаме нашите напори да му служиме на доброто на јавноста додека корумпираниот чин е неказнет. Советот на Европа наведува дека основните заштити на „владеењето на законот, парламентарниот надзор, независна судска контрола и ефикасните домашни лекови, мора да се одржат дури и за време на вонредна состојба“, порача организацијата.

ТИ-М, во соработка со Државната комисија за спречување на корупцијата, започна со активности за следење на почитувањето на законитоста и транспарентноста во процесите на одлучување и донесување на конкретни одлуки и уредби. Организацијата апелира сите ресурси да се насочат кон надминување на оваа состојба и почитување на владеењето на правото.

Преку својот центар за правна помош, ТИ-М ќе прима пријави од граѓаните кои се однесуваат на прекршување на законите и недоследностите во нивното  спроведување. Граѓаните може да се обратат до оваа организација преку телефонот (02) 3217 000, на нејзината Фејсбук страница или на мејлот  [email protected].

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...