По повод меѓународниот ден на видливоста на трансродовите луѓе, ТрансФормА – Иницијативата за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија денес ја започува кампањата под мотото „Постоиме!“ за одбележување на овој ден, која има за цел да го предизвика системот да обезбеди еднаквост.

„Видливоста на трансродовите луѓе значи еднаков пристап до здравствени услуги во овој тежок период. Видливоста во пракса значи почитување на одлуките на Европскиот Суд, но и почитување на трансродовите луѓе кои се граѓани на нашата држава и обезбедување достоинствен живот. Видливоста на трансродовите луѓе значи општество на еднакви граѓании спроведување на принципот на еднкавост“ – велат од ТрансФормА.

Тие оваа година нема да го одржат марш по минатогодишниот пример, поради важечките мерки за спречување и ширење на Ковид-19. До јавноста се обратија со видео порака преку која повикуваат на солидарност, емпатија, меѓусебно почитување и соработка.

„Во овој тежок период овие квалитети мора подеднакво да ги применуваме кон сите граѓани. Транс луѓето не се исклучок од тоа. Транс лицата се под подеднаков ризик за сопственото здравје,како и сите останати. Моменталната состојба не потсети дека здравјето на секој граѓанин е од примарно значење. Нашата иницијатива има податоци за случаи во минатото не поврзани со сегашната ситуација кога транс луѓето како последица на предрасудите и дискриминацијата поради својот изглед или своите документи не добиле здравствена услуга. Апелираме да нема такви случаи ниту сега, ниту во иднина“ велат од иницијативата.

Како и минатата година, така и оваа, упатија прашања до Управата за водење на матични книги, како институција надлежна за промена на полот во личните документи.

„Дали надлежните оттаму знаат дека оставањето на трансродовите лица во чекање и неусогласени документи го попречуваат нивниот пристап до здравствени услуги. Иако е вонредна состојба постојат одредени права кои се неприкосновени дури и за време на вонредна состојба. Едно од тие права е да се биде признаен пред законот. Ја прашуваме управата дали има намера да го испочитува ова право на трансродовите граѓани кои веќе долго време чекаат пред нејзините врати? Дали Вашето самоволие е поважно од здравјето?“ – прашуваат од Иницијативата.

Меѓународен ден за видливост на трансродовите лица

Под мотото „Постоиме!“ денес започнува кампањата за одбележување на Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите луѓе –во организација на Иницијативата за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија -– ТрансФормА.-Оваа кампања има за цел да го предизвикува системот да обезбеди еднаквост. Видливоста на трансродовите луѓе значи еднаков пристап до здравствени услуги во овој тежок период. Видливоста во пракса значи почитување на одлуките на Европскиот Суд, но и почитување на трансродовите луѓе кои се граѓани на нашата држава и обезбедување достоинствен живот. Видливоста на трансродовите луѓе значи општество на еднакви граѓании спроведување на принципот на еднкавост – изјавија од ТрансФормА Иницијатива за заштита и унапредување на трансродовите лица во Република Северна Македонија#ПОСТОИМЕ #TDOV2020

Gepostet von ТрансФормА – Transforma am Dienstag, 31. März 2020

Трансродовите лица се едни од најстигматизираните во ЛГБТ заедницата. Тие се соочуваат со секаков вид психичко и физичко насилство. Најчесто семејствата и заедницата ги одбива, а се соочуваат со кршење на нивните права на образование, вработување и социјална заштита. Поради овие причини, кај нив е забележана повисока стапка на невработеност, сиромаштија, несигурност во домувањето и стигматизација.

Недостигот на законско признавање на трансродовите во повеќето земји на светско ниво придонесува за нивно „исклучување“ од општеството и маргинализација. Додека неколку земји во Јужна Азија го признаваат „третиот род“ во други услови, трансродовите лица се обврзани да направат операција на гениталиите пред законско признавање на нивниот пол.