Трамп задоволен од договорот со Кина, САД ќе добие ретки минерали, а американските колеџи ќе примат кинески студенти

Претставници на двете суперсили се сретнаа во Лондон на почетокот на неделава по телефонскиот повик меѓу Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг

-

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека е многу задоволен од трговскиот договор со кој се воспостави кревко примирје во трговската војна меѓу САД и Кина, еден ден откако преговарачите од Вашингтон и Пекинг се согласија за рамка што ги опфаќа царинските стапки.

Спогодбата, пренесува Ројтерс, ги отстранува кинеските извозни ограничувања за ретки минерали и им овозможува на кинеските студенти пристап до американските универзитети.

„Склучивме одличен договор со Кина. Многу сме задоволни од него Имаме сè што ни треба и се надеваме дека и тие ќе бидат задоволни“, изјави Трамп пред настапот во центарот „Кенеди“ во Вашингтон. Претходно, тој на социјалните медиуми ги откри првите детали што произлегоа од дводневните маратонски разговори во Лондон, кои беа продолжение на договорот постигнат минатиот месец во Женева за ублажување на билатералните одмазднички тарифи кои достигнаа катастрофални троцифрени нивоа.

„Нашиот договор со Кина е склучен, под услов конечно да биде одобрен од претседателот Си и мене“, рече Трамп на Truth Social и додаде дека е договорено сите ретки минерали да бидат испорачани од Кина, а САД ќе ѝ обезбеди она што беше договорено, вклучително и кинески студенти да ги користат американските колеџи и универзитети. Според договорот од неделава, САД ќе ги царинат кинеските стоки со 55 проценти, што иако е многу високо, сепак е намалување од 145 проценти. Царините на Кина за американски производи се бидат 10 проценти, што е намалување од 125 проценти.

Сепак, многу специфики на договорот и детали за тоа како ќе се спроведе остануваат нејасни. Министерот за финансии Скот Бесент им рече на пратениците дека договорот нема да ги намали ограничувањата на САД за извоз на чипови за вештачка интелигенција во замена за пристап до кинески ретки метали.

Претставници на двете суперсили се сретнаа во Лондон на почетокот на неделава по телефонскиот повик меѓу Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг, со кој се прекина застојот во разговорите по постигнувањето на прелиминарниот договор во Женева кој настана заради кинските ограничувања за извоз на ретки минерали, што ја натера администрацијата на Трамп да одговори со контрола на извозот, спречувајќи испораки на софтвер за дизајн на полупроводници, млазни мотори за авиони и друга стока од Кина.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...