fbpx

Трамп се заложи за единство на земјите од Персискиот Залив

-

Американскиот претседател Доналд Трамп се заложи за единство на земјите членки на Советот за соработка во Персискиот Залив, во телефонскиот разговор со саудискиот крал Салман, соопшти Белата куќа.

Во синоќешното соопштение се наведува дека Трамп му рекол на Салман дека единството на Персискиот Залив е „клучно за успешна борба против тероризмот и за промовирање на регионалната стабилност“.

Оваа е промена на тонот на американскиот претседател, кој вчера ги поддржа Саудиска Арабија и другите блискоисточни земји против Катар, во серијата пораки на „Твитер“ во кои изгледа како да ги одобрува обвиненијата дека Катар финансира терористички групи.

Тој во вчерашните пораки го оцени санкциите што блискоисточните земји ги воведоа кон Катар како „почеток на крајот на хоророт на тероризмот“.

Саудиска Арабија, Египет, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати во понеделникот ги прекинаа дипломатските односи со Катар поради наводната поддршка на терористичките групи во регионот.

Белата куќа соопшти дека Трамп и Салман, исто така, разговарале за тоа како да се спречи финансирањето терористички организации и да се елиминира „промовирањето екстремизам“ во која било земја.

Претставник на Стејт департментот вчера изјави дека малку веројатно е дека САД ќе имаат голема улога во решавањето на судирите меѓу блискоисточните земји и наведе дека официјален Вашингтон смета оти најефикасно е земјите од регионот да го решат судирите меѓу себе. Тој укажа дека Кувајт и Турција се понудиле како посредници.

Кон дипломатските мерки против Катар вчера се приклучија Јемен и Малдиви, кои соопштија дека ќе ги повлечат своите дипломати од Катар, а ќе ги протераат катарските дипломати од своја територија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...