Претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе ја заземе нафтената инфраструктура на Иран, вклучувајќи го и главниот извозен терминал на островот Харг, „во не толку далечна иднина“, објави Си-Ен-Би-Си.
Трамп во објава на „Truth Social“ изјави дека американската војска ќе го нападне Иран „МНОГУ ЖЕСТО“ вечерва, откако во средата беа извршени воздушни напади. Претседателот се закани дека ќе ја преземе „целосната контрола“ врз пазарите на нафта и гас во Иран, како што САД направија во Венецуела претходно оваа година.
САД започнаа напади врз воени цели на островот Харг претходно во војната, но се воздржаа од распоредување копнени трупи.
Кратко по упатените закани, Трамп за „Фокс њуз“ изјави дека не е сигурен дека „Америка има сила“ да го заземе Харг. САД продолжуваат да водат разговори со Иран, рече претседателот.
Трамп го засили воениот притисок врз Иран оваа недела, бидејќи е „разочаран од Техеран“ што не се согласи на договор за повторно отворање на Ормускиот теснец и откажување од нуклеарната програма. Последната рунда на ескалација оваа недела започна кога Трамп го обвини Иран за соборување на американскиот хеликоптер „Апачи“ во Ормуз.
„Синоќа фрливме бомби во вредност од 250 милиони долари врз нив. Знаете, целата работа е луда, но тие навистина се покоруваат. Тие едноставно сè уште не го знаат тоа“, изјави Трамп за Фокс.
Иран досега одбива да ги исполни барањата на Трамп. Техеран тврди дека има контрола врз Ормутскиот теснец, клучниот морски пат преку кој извозниците од Блискиот Исток испорачувале 20 отсто од светските залихи на нафта пред војната.
