Трамп разговарал со Путин и побарал да не ја ескалира војната во Украина

Разговорот подоцна беше демантиран од страна на официјалните државни извори во Кремљ

-

Цитирајќи анонимни извори, американскиот дневен весник „Вашингтон пост“ објави дека новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп зборувал со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин. Според весникот, Трамп го советувал рускиот претседател да не ја ескалира војната во Украина и го потсетил на значителното воено присуство на Вашингтон во Европа. Разговорот подоцна беше демантиран од страна на официјалните државни извори во Кремљ.

Наводно, двајцата претседатели разговарале за крај на војната во Украина, при што Трамп изразил интерес за повеќе последователни разговори за „наскоро решавање на војната во Украина“.

Во својата претседателска кампања, Трамп изјави дека веднаш ќе стави крај на војната во Украина, иако не понуди детали за тоа како има намера да го стори тоа. Тој потоа сигнализираше дека ќе поддржи договор со кој Русија ќе задржи одредена освоена територија, а за време на разговорот со Путин наводно накратко го покренал и тоа прашање.

Додека стратегијата на претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис во однос на Украина беше предвидлива, портпаролот на Путин, Дмитри Песков изјави: „Трамп е помалку предвидлив, а исто така тоа е помалку предвидливо до кој степен Трамп ќе се држи до изјавите што ги даде за време на изборната кампања. Да почекаме и да видиме.”

На Украина ѝ требаат милијарди долари економска и воена поддршка секој месец за да продолжи да се бори против својот поголем и подобро опремен непријател, кој постигна значителен воен напредок во последните месеци. Трамп се пожали на трошоците на војната за американските даночни обврзници и истакна дека Украина можеби ќе треба да отстапи дел од својата територија, како што е Крим, за постигнување мир.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...