Американскиот претседател Доналд Трамп ги осуди расистите, неонацистите и припадниците на Кју клукс клан (ККК), нарекувајќи ги „не-Американци“ и најави дека правдата ќе ги стигне кои се одговорни за смртта на демонстрантите во Шарлотвил.
– На најголем можен начин го осудувам овој неверојатен израз на омраза, расна нетрпеливост и насилство. Расизмот е зло со кое се врши насилство и тоа во име на криминалци и силеџии, како што се ККК, неонацистите, белците фанатици и сите други групи кои дејствуваат спротивно на тоа во кое веруваме како Американци – рече Трамп во Белата куќа.
Trump: Racism is evil. Those who spread violence in the name of bigotry strike at the very core of America https://t.co/g7DKHrHMiY pic.twitter.com/lDjMwwahGW
— RT (@RT_com) August 14, 2017
Тој истакна дека Америка е создадена врз идеја дека сите луѓе се еднакви, според законот и уставот, а тие кои шират насилство во име на расизмот удираат во самото срце на Америка.