fbpx

Трамп предложи да се доделува трофеј за лажни вести

-

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи на медиумите кои, според него, најнеискрено го претставуваат, да им се додели трофеј за лажни вести.

„Треба да одржиме натпревар и да видиме која мрежа плус „Си-ен-ен“ и без „Фокс њуз“ е најнеискрена, најкорумпирана и која најмногу го извртува политичкото покривање на вашиот омилен претседател (јас). Сите се лоши. Победникот да добие трофеј за лажни вести“, објави Трамп на „Твитер.

Откако дојде на местото на претседател на САД, Трамп константно се жали за начинот на кој медиумите го претставуваат и особено ги критикуваше „Си-ен-ен“ и „Ен-би-си“, а особено ја фали „Фокс њуз“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мајка осомничена за предизвикување пожар со цел да се прикрие свирепо убиство сторено од синот

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје постапува по кривична пријава во врска со настанот од 22 септември, кога по предизвикан пожар во стан на улицата „Исаија Маџовски“, беше пронајдено безживотно...