Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со Зеленски во Париз, пишува Ројтерс.
„Добро го познавам Владимир. Ова е негово време да дејствува. Кина може да помогне. Светот чека!“, објави Tрамп на социјалната мрежа „Truth Social“, мислејќи на рускиот претседател Путин.
Во врска со изјавата на Трамп, Зеленски коментира дека мирот не е само парче хартија, туку потребни се гаранции.
„Кога зборуваме за ефективен мир со Русија, прво и основно мора да зборуваме за ефективни гаранции за мир. Украинците сакаат мир повеќе од кој било друг. Војната не може едноставно да заврши со парче хартија и неколку потписи. Примирјето без гаранции може повторно да се запали во секој момент, како што веќе направи Путин.“ напиша Зеленски на X.