Трамп: Новиот масовен напад на Украина од страна на Путин е „нешто што секој би го направил“

Зборувајќи пред новинарите во Овалната соба, Трамп изјави дека му е „полесно“ да соработува со Русија отколку со Украина и дека Путин „сака да ја заврши војната“

-

Доналд Трамп изјави дека Владимир Путин „прави нешто што секој би го направил“ откако Русија изврши масовен ракетен и дронски напад врз Украина, само неколку дена откако САД ја прекинаа виталната размена на разузнавачки информации и воена помош за Киев, пренесува Гардијан.

Зборувајќи пред новинарите во Овалната соба, Трамп изјави дека му е „полесно“ да соработува со Русија отколку со Украина и дека Путин „сака да ја заврши војната“.

„Искрено, ми е потешко да се справувам со Украина. Тие немаат адут-карти“, рече Трамп. „Кога станува збор за постигнување конечен договор, можеби е полесно да се преговара со Русија.“

На прашањето дали рускиот лидер ја искористил паузата во размената на разузнавачки информации и воената помош од САД за Украина, Трамп одговори: „Всушност мислам дека тој прави тоа што секој друг би го направил.“

Високи американски и украински претставници планираат да се сретнат во Саудиска Арабија следната недела, додека Володимир Зеленски и неговите советници се обидуваат да ги обноват односите со САД по неуспешниот самит во Овалната соба, каде што Трамп му кажал на Зеленски дека „се коцка со трета светска војна“.

Русија во петокот изврши масовен напад со дронови и ракети врз украинските енергетски објекти, по одлуката на САД да ја прекинат размената на разузнавачки информации со Украина, што претходно ѝ помагаше да таргетира непријателски напади.

Зборувајќи пред новинарите во Овалната соба, Трамп изјави: „Имаме многу добри односи со Русија. Но, во моментов тие ја бомбардираат Украина безмилосно.“

Тој додаде: „Мислам дека тој [Путин] сака да го запре и реши конфликтот, но исто така мислам дека сега ги напаѓа посилно од кога било досега, и веројатно секој на негово место би го правел истото во моментов.“

Во своите изјави, Трамп повторно нагласи дека има добри односи со Путин, и покрај контроверзиите од неговиот прв мандат, кога сомневањата за тајни договори меѓу двајцата лидери предизвикаа политички скандал.

„И покрај измамата за ‘Русија, Русија, Русија’, отсекогаш сум имал добар однос со Путин. Тој сака да ја заврши војната. И мислам дека ќе биде понежен отколку што мора да биде.“, посочи Трамп.

Порано во петокот, Трамп се закани со нови санкции и тарифи кон Русија како одговор на нејзиниот најнов напад.

Во објава на Truth Social, Трамп напиша: „Врз основа на фактот дека Русија во моментов буквално ја ‘меле’ Украина на бојното поле, сериозно размислувам за големи банкарски санкции, санкции и тарифи кон Русија сè додека не се постигне примирје и КОНЕЧЕН ДОГОВОР ЗА МИР.“

„До Русија и Украина – седнете на преговарачка маса веднаш, пред да биде предоцна. Ви благодарам!!!

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за здравство. Операцијата...

Што е Европскиот мировен фонд преку кој РСМ доби десетици милиони евра помош за Армијата?

Советот на ЕУ на 25 април усвои мерка за помош во вредност од 15 милиони евра во рамките на Европскиот мировен фонд (EPF). Целта е да се зајакнат одбранбените капацитети и...

Трамп и Зеленски разговараа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот на папата Франциск

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово разговараа за војната во Украина, во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, неколку минути пред почетокот на погребната миса за папата Франциск,...

Почина повредениот во вчерашната вооружена престрелка на Бит Пазар

Лицето кое вчера беше повредено во вооружена престрелка меѓу две лица во Дуќанџик на Бит Пазар, им подлегнало на повредите, потврдија во Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за А.С.,...

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за...