Трамп нареди објавување на илјадници класифицирани досиеја за атентатите на Џон Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот

Во 1992 година, Конгресот донесе закон за објавување на сите документи поврзани со убиството на ЏФК во рок од 25 години. И Трамп во неговиот прв мандат, како и Бајден, објавија купишта документи, но илјадници, од вкупно милиони, сè уште остануваат целосно или делумно тајни.

-

Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на функционерите да направат планови за декласификација на документите поврзани со три атентати – на Џон Ф. Кенеди, Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот, пренесува Би-би-си.

„Многу луѓе го чекаат ова долго, со години, со децении“, им рече Трамп на новинарите вчера во Овалната соба.

„И сè ќе биде откриено“, додаде тој.

Според наредбата, највисоките претставници на администрацијата треба да презентираат план за декласификација на документите во рок од 15 дена. Сепак, не е сигурно дали ова навистина ќе се случи, пишува Би-би-си.

Американскиот претседател Џон Ф. Кенеди беше убиен во Далас во 1963 година. Неговиот брат, Роберт Кенеди, пак, беше убиен додека се кандидираше за претседател во Калифорнија во 1968 година, само два месеца откако Мартин Лутер Кинг, најпознатиот американски лидер за граѓански права, беше убиен во Мемфис, Тенеси.

Многу документи поврзани со истрагите беа објавени оттогаш, иако илјадници сè уште остануваат класифицирани, особено оние кои се поврзани со широката истрага за ЏФК.

Кенеди беше застрелан од Ли Харви Освалд, марински ветеран кој пребегал во Советскиот сојуз, а подоцна се вратил во САД. Американска владина комисија утврди дека Освалд дејствувал сам.

Случајот, сепак, остана со неодговорени прашања кои доведоа до алтернативни теории за вмешаност на владини агенти, мафијата и други страни.

Анкетите на јавното мислење со децении покажуваа дека повеќето Американци не веруваат оти Освалд бил единствениот убиец.

Во 1992 година, Конгресот донесе закон за објавување на сите документи поврзани со истрагата во рок од 25 години. И Трамп во неговиот прв мандат, како и Џо Бајден, објавија купишта документи поврзани со ЏФК, но илјадници, од вкупно милиони, сè уште остануваат целосно или делумно тајни.

Трамп вети дека ќе ги декласифицира сите досиеја во неговиот прв мандат, но се откажа од ветувањето откако претставници на ЦИА и ФБИ го убедија да чува дел од досиејата во тајност. Во вчерашната извршна наредба се наведува дека континуираната тајност „не е во согласност со јавниот интерес“.

За време на церемонијата на потпишување, Трамп побара пенкалото со кое ја потпиша наредбата да му биде доделен на Роберт Кенеди помладиот – кандидатот на Трамп за секретар за здравство. Тој е син на РФК и внук на ЏФК.

Роберт Кенеди, пак, бил убиен во сала за бал во Лос Анџелес од Сирхан Сирхан, Палестинец кој се противел на американската поддршка за Израел. РФК помладиот разговарал со Сирхан во затвор и изјави дека не верува оти Сирхан го убил неговиот татко, иако другите членови на семејството Кенеди го отфрлаат ваквото тврдење.

Мартин Лутер Кинг помладиот беше застрелан од белиот националист Џејмс Ерл Реј. Членовите на семејството Кинг тврдат дека Реј не дејствувал сам и бил дел од поголем заговор.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...