Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека САД наскоро ќе започнат со „блокада на сите бродови“ што се обидуваат да влезат или да излезат од Ормускиот теснец, обвинувајќи го Иран за ескалација на тензиитe, објави Би-Би-Си.

Во објава на социјалната мрежа „Truth Social“, Трамп наведе дека неодамнешните преговори „поминале добро“ и дека „повеќето точки биле договорени“, но нагласи дека клучното прашање за нуклеарната програма на Иран, останува нерешено.

Тој исто така соопшти дека и наредил на американската морнарица да „пресретнува и да го проверува секој брод во меѓународни води што платил такса на Иран“, оценувајќи ја таквата наплата како нелегална.

Во дополнителна објава, тој изјави дека Иран „ветил дека ќе го отвори теснецот, но не го сторил тоа“, што, според него, предизвикало  штета низ целиот свет.

Според Трамп, по речиси 20 часа преговори, главниот заклучок е дека Иран не е подготвен да се откаже од своите нуклеарни амбиции, што, како што нагласи, претставува најголемата пречка за постигнување траен договор.