Трамп му се налутил на Путин поради односот кон прекинот на огнот во Украина

Трамп истакна дека доколку не успее да постигне договор со Русија за запирање на конфликтот, а ако процени дека вината е кај Москва, ќе воведе дополнителни царини од 25 до 50 отсто на извозот на руска нафта

-

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу лут“ и „бесен“ поради ставот на претседателот на Руската федерација Владимир Путин кон можниот прекин на огнот во Украина, што претставува значителна промена во неговиот досегашен тон кон рускиот лидер.

Во телефонско интервју за NBC News, Трамп истакна дека доколку не успее да постигне договор со Русија за запирање на конфликтот, а ако процени дека вината е кај Москва, ќе воведе дополнителни царини од 25 до 50 отсто на извозот на руска нафта.

„Доколку купувате нафта од Русија, нема да можете да правите бизнис во САД“, предупреди Трамп.

Тој, исто така, го критикуваше Путин поради доведувањето во прашање на легитимноста на украинскиот претседател Володимир Зеленски, иако самиот Трамп претходно го нарече Зеленски „диктатор“.

На коментарите на Трамп одговори и Зеленски, кој во своето редовно обраќање порача дека „Русија не се грижи за дипломатијата“, истакнувајќи дека нападите врз Украина продолжуваат и покрај неодамнешните предлози од Вашингтон за прекин на огнот.

„Русија заслужува зголемен притисок – сите строги мерки што можат да ја ослабат нејзината способност да води војна“, додаде украинскиот претседател.

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени обврски за...

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Жерар Депардје е прогласен за виновен за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година, пренесе „Гардијан“. Познатиот актер од Франција, 76 годишниот Депардје, кој има...

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе имаат...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени...