Официјалниот Твитер профил на кампањата 2020 на Доналд Трамп објави видео во кое Трамп е претставен како негативецот од филмот Авенџерс, Танос кој со пукнување на прстите ги збришува неговите противници од демократската партија кои го водат процесот на неговиот импичмент.

Дон Лемон кој ја покриваше случката на CNN остана без зборови. “Што е ова? Дали сме сè уште во средно школо? Не ми се верува дека треба да известуваме за вакви работи на вести! Ова е лудо. Луѓе па дали сте нормални?“