fbpx

Трамп ја исклучи можноста за повлекување на САД од Авганистан

-

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја исклучи можноста од повлекување на амерканските трупи од Авганистан. Трамп, како што јавуваат светските агенции, ова го рекол во говор во воената база Форт Мајер близу Вашингтон, претставувајќи ја американска стратегија за Авганистан.

Тој не навел бројка на евентуални дополнителни трупи, ниту зборувал за временските рокови, посочувајќи дека неговата стратегија ќе биде заснована на условите на терен.

-Носечки столби на нашата нова стратегија е премин од пристапот кој се засноваше на временски рокови, на оној кој се заснова на условите. Повеќе пати досега кажав дека би било контрапродуктивно за САД однапред да ги објавуваат датумите за почеток или крај на нашите воени опции. Нема да зборуваме за бројот на војници или за плановите за воените активности во иднина. Условите на терен, а не произволните рокови, ќе бидат она на што од сега ќе се заснова нашата стратегија – рекол Трамп.

Тој, исто така го предупредил Пакистан дека „може многу да изгуби“ доколку не престане да им пружа засолниште на талибанците.

-Пакистан ќе има корист ако соработува со нас во Авганистан, но многу ќе изгуби како продолжи да им дава засолниште на терористите. Тоа мора веднаш да се промени – истакнал американскиот претседател.

Трамп пред доаѓање во Белата куќа се залагаше за повлекување од Авганистан.

-Мојот првичен инстинкт беше за повлекување, но кога сте во Овалната соба се носат поинакви одлуки – изјавил Трамп, доцна синоќа.

Во Авганистан во моментот се наоѓаат околу 8.400 американски војници, како поддршка на локалните власти во борбата против бунтовниците по повлекувањето на меѓународните сили кон крајот на 2014 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...