fbpx

Трамп и Клинтон ги освоија предизборите во Невада

-

Кандидатот за републиканска номинација за претседател на САД, Доналд Трамп вчера ги освои предизборите во сојузната држава Невада, покажуваат проекциите на телевизиската мрежа „Си-Ен-Ен“, со што значајно се зацврсти неговиот статус главен кандидат во трката на Републиканците за Белата куќа.

Според првичните резултати, главните противкандидати за републиканска номинација, сенаторот од Флорида, Марко Рубио и сенаторот од Тексас, Тед Круз се борат за второто место.

Резултатите после пет отсто од пребројаните гласови покажуваат дека Трамп води со 42,6 отсто, Рубио добива 25,1 отсто, додека Круз сега има 20,1 отсто, објави „Си-Ен-Ен“.

Изборите во Невада се четврти избори во републиканскиот табор, после оние во Ајова, Њу Хемпшир и Јужна Каролина, но се први во западниот дел на земјата. Невада е клучен барометар за републиканците во изборите, имајќи предвид дека речиси 40 отсто од трите милиони жители на државата се со латиноамериканско потекло.

Во Невада во саботата гласаа и демократите, а победата ја однесе Хилари Клинтон. Со тоа нејзината кампања против Берни Сандерс доби на сила и тоа во момент кога се чинеше дека почнува да губи чекор.

Победите на Трамп во Јужна Каролина и на Клинтон во Невада им дадоа значајна предност за следната фаза од трката, односно за „Супер вторникот“, закажан за 1 март, кога во исто време гласаат десеттина сојузна држави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈО: Сомнеж за поткуп во Делчево и неправилности во селото Бучим

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за претседател на Република Северна Македонија, до овој...