Трамп го назначи Дејвид Сакс за советник за вештачка интелигенција и криптовалути

Сакс, капиталист и внатрешен човек од Силиконската долина, во јуни организираше настан за големи донатори во неговата вила во Сан Франциско за поддршка на кампањата на Трамп, со билети кои достигнуваа цена до 300.000 долари по лице. Настанот наводно собрал повеќе од 12 милиони долари

-

Доналд Трамп го назначи поранешниот оперативен директор на „Пејпал“, Давид Сакс, да биде советник за вештачка интелигенција и криптовалути, продолжувајќи ја традицијата на наградување на големи донатори со политичка моќ, пренесува Гардијан.

Сакс, капиталист и внатрешен човек од Силиконската долина, во јуни организираше настан за големи донатори во неговата вила во Сан Франциско за поддршка на кампањата на Трамп, со билети кои достигнуваа цена до 300.000 долари по лице. Настанот наводно собрал повеќе од 12 милиони долари.

Давид Сакс, водител на популарниот подкаст „Ол Ин“ (All-In), соработува со Чамат Палихапитија, Џејсон Калаканис и Давид Фридберг во креирање на неделни епизоди кои се фокусираат на „сè што е економско, технолошко, политичко, социјално и игри на среќа“.

Тој исто така бил тесно поврзан со Илон Маск и помогнал во поддршката на неговата понуда за стекнување на Твитер, сегашно Икс. Двајцата технолошки титани наводно се обединиле за да го поттикнат избраниот претседател да го именува Џ.Д. Венс за свој потпретседателски кандидат.

Трамп го послушал советот, и го пречека Сакс во федералната влада да понуди насоки и лидерство за зајакнување на крипто индустријата и вештачката интелигенција, „две области кои се критични за иднината на американската конкурентност“, според објавата на Трамп.

Покрај оваа нова позиција како советник, Трамп го избрал Сакс да ја предводи неговата советодавна комисија за наука и технологија, независен комитет од експерти кој историски има улога да помага на претседателите при донесувањето важни одлуки и да развива препораки базирани на докази за политиките.

Нивната работа влијае на широк спектар на специјализирани области, од енергија и животна средина до јавно здравје и национална безбедност.

Сакс ќе се фокусира на конкретни приоритети, според објавата на Трамп, која не се навлегува дали науката ќе игра некоја улога.

„Тој ќе ја заштити слободата на говорот на интернет и ќе нè одврати од пристрасноста и цензурата на големата технологија. Тој ќе работи на правна рамка за крипто индустријата да добие јасност која ја бара и да може да напредува во САД.“, посочи Трамп на својата социјална мреажа Трур Сошл

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...