Tрамп го нарече Зеленски „диктатор“, продлабочувајќи го јазот меѓу двајцата лидери

Шведскиот премиер Улф Кристерсон, исто така, ја критикуваше употребата на зборот „диктатор“ од страна на Трамп, додека германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ги нарече коментарите „апсурдни“

-

Доналд Трамп ги ескалира своите напади врз Володимир Зеленски, нарекувајќи го украинскиот претседател „диктатор“.

Ова се случува откако Зеленски, реагираше на американско-руските разговори во Саудиска Арабија од кои тој беше исклучен и кажа американскиот претседател „живее во простор за дезинформации“ управуван од Москва, пишува Би-би-си.

Откако Трамп го нарече Зеленски диктатор, следуваа критики од европските лидери, вклучително и од германскиот канцелар Олаф Шолц, кој рече дека „едноставно е погрешно и опасно да се негира демократски легитимитет на претседателот Зеленски“.

Премиерот на Обединетото Кралство Сер Кир Стармер јасно стави до знаење дека го поддржува Зеленски во телефонскиот разговор со украинскиот претседател.

Петгодишниот мандат на Зеленски требаше да заврши во мај 2024 година. Сепак, Украина е во војна откако Русија ја започна својата целосна инвазија во февруари 2022 година и изборите беа суспендирани.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон, исто така, ја критикуваше употребата на зборот „диктатор“ од страна на Трамп, додека германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ги нарече коментарите „апсурдни“.

„Ако гледате во реалниот свет наместо само да читате твитови, тогаш знаете кој во Европа живее под диктатура: луѓето во Русија, луѓето во Белорусија“, изјави Баербок во телевизиско интервју.

 

ИзворBBc

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...