fbpx

Трајко Вељаноски ги распиша изборите

-

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, го потпиша решението за распишување на предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат на 11 декември, информираат од неговиот кабинетот.

„Со овој чин, мандатот повторно му го враќаме на народот, кој е единствениот, врховен и најлегитимен авторитет да суди, да оценува и да одлучува која политичка опција треба да ја добие честа, но и обврската да ја води нашата држава. Во меѓувреме, Република Македонија ќе влезе во еден сложен период на засилена активност на политичките партии, кој, искрено верувам, ќе помине во една зрела, достоинствена и одмерена атмосфера чиј врв ќе бидат изборите на 11 декември“, стои во соопштението.

Вељаноски во дописот од неговиот кабинет им се заблагодарува на пратениците, на новинарите и на службата на Собранието за соработката.

„Во името на другите колеги пратеници, сакам да упатам најголема благодарност до граѓаните што ни ја дадоа довербата на парламентарните избори во 2014 година да бидеме нивни претставници кои треба да работат и да создаваат. Искрено верувам дека успеавме да ја оправдаме нивната доверба и покрај сите тешкотии со кои се соочувавме како резултат на политичката криза во која беше доведена државата. Сакам да го споделам моето длабоко уверување дека и за време на овој предизборен период, нашата татковина ќе го положи својот демократски испит на зрелоста и дека ќе се искачи на едно ново квалитативно ниво, што, впрочем, претставува основна цел на сите политички субјекти“, вели во соопштението Вељаноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...