fbpx

Трајко Вељаноски денеска се сретнал со претседателот на ПССЕ, Педро Аграмунт

-

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска во рамките на Европската конференција на претседатели на парламенти што се одржува во Стразбур, се сретнал со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Педро Аграмунт.

Од кабинетот на Вељаноски информираа дека двајцата соговорници се согласиле дека сите предизвици може да се надминат со смирен пристап и со дијалог, заради добросостојба на сите граѓани и подобра иднина на државата.

Аграмунт изразил заинтересираност да ја посети Македонија и одблиску да се запознае со состојбите во земјата.

Вељаноски упатил официјална покана до Аграмунт да биде гостин на Собранието.

Двајцата соговорници изразиле убедување дека досегашната успешна соработка помеѓу Република Македонија и Советот на Европа и во иднина ќе продолжи да се развива во нагорна линија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Од четврток ќе сообраќаат автобуските линии „100“ и „200“ за полесен пристап до Саемот на книгата

Од четврток, во редовниот линиски превоз на ЈСП Скопје ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“ со кои ќе се овозможи полесен пристап на посетителите до Меѓународниот саем на...