Трајко Славески избран за претседател на Советот на град Скопје

-

Поранешниот министер за финансии и предводникот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески денеска беше избран за нов претседател на Советот на град Скопје. Зад неговиот избор застанаа 26 советници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива и ЛДП/ДОМ. Неговиот избор не го поддржаа советниците од СДСМ, ДУИ и Зелен хуман град.

И покрај тоа што дадоа поддршка на изборот на Трајко Славески за нов претседател на Советот на град Скопје, советниците Никола Пановски и Теодора Крстевска од ЛДП и ДОМ се изјаснија дека ќе бидат опозиција во новиот состав на градскиот совет.

На локалните избори годинава ВМРО-ДПМНЕ освои 18 советници, СДСМ 12, ДУИ 5, Левица 4, Алијанса за Албанците/Алијанса 2, ЛДП/ДОМ 2 и Зелен хуман град 2 советници.

За формирање на мнозинство во скопскиот совет, неопходно е од вкупно 45-те советници, одлуките да ги поддржуваат минимум 23 градски советници.

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството, првоосомничениот ѝ...

Лишен од слобода малолетник во Скопје кој палел оган и горел кабли

Петнаесетгодишно момче од Скопје е приведено ноќеска поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил по полноќ на подрачјето на Карпош, во...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството,...