fbpx

Трајановски од скопските градоначалници побара повеќе механизација и работници

-

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски на денешниот координативен состанок со градоначалниците од Скопскиот плански регион, побарал дополнителна помош од општините за расчистување на последиците од катастрофалното невреме.

Тој побарал хуманитарна помош како главен приоритет, работници и механизација.

Во однос на механизацијата, Трајановски информираше дека на терен се потребни мали камиони – скипери.

„Градоначалниците истакнале дека нивни екипи се веќе активни на терен и дека ќе пратат и дополнителна помош, а исто така ќе апелираат и приватните фирми со кои соработуваат за да се обезбеди дополнителна механизација“, стои во соопштението.

Од општината Гази Баба, пак, известија дека имаат потреба од средства за дезинфекција, чистење и лична хигиена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кривични пријави за шестмина инспектори зашто не пломбирале „диви“ менувачници на Бит пазар

Против шест лица С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), државни пазарни инсектори, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за...