fbpx

Трајанов: Даштевски халуцинира, ако имаше следења кога бев министер, ќе ме лустрираа

-

На денешната промоција на едицијата на „Црните страници на УДБА – Историја што чека да биде откриена“, Александар Даштевски, еден од промоторите, говорејќи за следењата по осамостојувањето на Македонија во 1991 година, посочи дека овие активности продолжиле и во првите две години од доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ во 1998 година, кога министер за внатрешни работи беше Павле Трајанов, актуелен претседател на Демократскиот сојуз и пратеник во Собранието.

На нашето прашање за коментар, Трајанов ги негира ваквите тврдења и вели дека станува збор за „халуцинации“ на Даштевски, кој заедно со директорот на Државниот архив на Република Македонија, Филип Петровски, и со актерот и уметнички директор на Македонскито народен театар (МНТ), Тони Михајловски, денеска ја промовираше едицијата во Музејот на ВМРО.

– Тоа се халуцинации на лицето што го спомнавте. Кога јас станав министер за внатрешни работи, веднаш издадов наредба да прекинат сите вакви активности и следење лица од политички или идеолошки причини. Во тоа време, 99 осто на раководни позиции на службите во МВР беа луѓе на ВМРО-ДПМНЕ. Што се случувало по 2000 година не знам. Инаку, да имаше нешто такво, веднаш ќе ме лустрираа – ни изјави Трајанов.

Според Даштевски, следењата од страна на тајната полиција продолжиле од осамостојувањето до февруари 2000 година, кога за министерка за внатрешни работи беше именува Доста Димовска.

Во своето обраќање на промоцијата, Даштевски реторички праша дали за овие случаи не треба Јавното обвинителство да поведе постапка против тие што давале наредби и ги спроведувале следењата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...