Трагедија во рудникот Бучим: Загинаа двајца аплинисти

-

Во 11:43 часот, денеска две лица загинаа во рудникот „Бучим“ кај Радовиш, членови на Алипинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш кои биле ангажирани за чистење на високо недостапни силоси. Во официјалната изјава на рудникот „Бучим“ стои дека во работната единица флотација се случил несреќен случај, при што две лица се починати.

„Починатите лица се подизведувачи од Алпинистички клуб „Плоча“-Радовиш, ангажирани за извршување работни задачи-чистење на високо недостапни силоси. На местото на несреќата медицинскиот персонал на „Бучим“ веднаш ги презеде сите неопходни мерки за укажување на прва помош и настраданите лица се упатени кон ЈЗУ Здравствен Дом – Радовиш и ЈЗУ Клиничка болница – Штип, каде што е констатирана смрт“, информираат од рудникот.

Оттаму посочуваат дека се известени и повикани сите надлежни органи што се бараат со закон во таков случај за извршување на увид.

„Службите за итни случаи и одговорните служби во моментов вршат истрага. „Бучим“ целосно соработува во овој процес. Формирана е и комисија која врши процена за причината за настанатиот несреќен случај во согласност со сите законски барања. Резултатите од истрагата ќе бидат дополнително соопштени, веднаш штом ќе бидат достапни наодите“, се додава во официјалната изјава на „Бучим“, од каде искажуваат искрено и најдлабоко сочувство до семејствата на починатите лица.

Настанот го потврди и портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека увидот е во тек, а го вршат полициски екипи и јавен обвинител. Повеќе детали за трагичниот настан од полицијата најавуваат за подоцна.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...