Традиционално бадникување пред Соборниот храм во Скопје

-

Православните христијански верници во Македонија денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово -­ Божиќ, а пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска, по 25. пат, се одржа традиционалниот народен собир по повод големиот христијански празник

Кум на годинешното одбележување на Бадник во Скопје е Радко Манов, извршниот директор на претпријатието ГАМА, додека здравичар е Љубиша Николиќ, фудбалер, тон-мајстор во пензија, водител и режисер кој целиот работен век го поминал во Македонското радио.

На традиционалното делење на бадниковите гранчиња на платото пред Соборниот храм присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој му го предаде бадникарскиот ќуп на новиот кум Манов.

– Би сакал да го честитам Бадник на сите православни христијани, им посакувам оваа година да имаат многу здравје, бериќет, успех на секое поле и овие празнични денови да ги поминат во духовен мир заедно со своите најблиски. Исто така, сакам на сите граѓани на Скопје без разлика на нивната вероисповед, да им посакам здравје, среќа, мир и меѓусебно разбирање и почитување во новата 2017 година – рече Трајановски.

Со пригодна беседа пред скопјани денеска се обрати и архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, кој ја благослови погачата што беше поделена меѓу верниците.

По завршувањето на средбата, делегација на одборот за прослава замина за Злокуќани во домот за стари лица, каде на лицата што се таму згрижени им додели пригодни подароци за Бадник. Народниот собир е во организација на Граѓанското здружение „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“, а е поддржан од Градот Скопје.

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се занимава со...

Предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи

Секторот за внатрешни работи-Тетово ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие...

Кривична за полицаец, злоупотребил потпис на раководител на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при Министерството за внатрешни работи,  до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела...

Сè уште нема абер од ветените народни канцеларии на претседателката Сиљановска

Сиљановска-Давкова меѓу примарните цели за кои ќе се залага како претседател, ветуваше дека првото што ќе го направи ќе биде враќањето кај граѓаните преку повторно отворање на народните канцеларии. Граѓаните во...

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се...