Товарниот брод „Контшип Џет“ со либериско знаме бил погоден во напад со беспилотно летало додека минуваше во близина на Калијакра на северниот брег на Црното Море во Бугарија, на пат кон Констанца, Романија, објави специјализираната веб-страница maritime.bg.
Бродот „Контшип џет“ бил погоден додека минувал покрај ’Ртот Калиакра, на северниот брег на Бугарија, пренесуваат локалните медиуми. Бродот пловел од Хаифа, Израел.
Според извештаите, членовите на екипажот се евакуирале во чамците за спасување. Засега нема информации за состојбата на морнарите и за штетата на бродот. Бугарскиот министер за одбрана, Димитар Стојанов, изјави дека во нападот биле употребени три дрона и дека бродот бил погоден на околу 21 наутичка милја од градот Шабла.
Инцидентот е дел од серијата напади со воздушни и со поморски дронови врз трговски бродови во близина на бугарскиот и на романскиот брег во текот на октомври.
Нападот се случува во време кога министрите за одбрана на Бугарија, Романија и на Турција одржуваат средба на која разговараат за поморската безбедност во Црното Море.
