„Торонто експрес“ го отвара театарскиот репертоар на МНТ за 2022 година

Фото: МНТ

Репертоарот на Македонскиот народен театар во 2022 година започнува со претставата „Торонто експрес“ чија успешна премиера за прв пат се случи во декември кон крајот на минатата година.

Маестралната изведба на актерот Александар Микиќ е закажана за утре, вторник во 20:00 часот на Малата сцена во МНТ и среда со почеток во исто време.

„Торонто експрес“ или како што уште е наречена, урнебесната комедија е режирана од Јордан Симонов, а инспирирана од истоимената книга чиј автор е Зоран Спасов – Ѕоф. По целосната распродажба на првиот тираж од книгата што е „апдејт“ на хумористичното четиво од Ѕоф, „Тибам штркот“, во моментов е во продажба и вториот тираж во издание на „Арс Ламина – публикации“.

Книгата може да се пронајде во сите книжарници на Литература.мк, а билети за претставата може да се набават тука.

Во месечната програма на МНТ за месец јануари се најавуваат изведбите на театарските претстави „Работи за кои не зборуваме“, „Не се клади на енглези“, „Кец на десетка“, „Само глас“, „Мој термин“, „Последната лента на Крап“ и „Горките солзи на Петра фон Кант“.